Матичните лекари не знаат дали ќе можат да го препишуваат лекот Фавира

Откако се прошири информаци дека Агенцијата за лекови и медицински средства одобри увоз и достапност лекот на фавипиравир за крајните корисници-пациентите, Слободен печат се обиде да дознае по кој критериум ќе биде даван овој лек. 

Со „Фавира“ на рецепт и во Македонија ќе се лекува ковид-19

Претседателката на здружението на матични лекари Лидија Чолакова вели дека информациите ги добиваат од новинарите, наместо како што треба, преку официјален допис од Министерството за здравство. Таа не знаеше дали матичните лекари ќе имаат можност овој лек да им го препишуваат на пациентите, или сепак ќе оди тоа преку секундарното здравство.

„Фавира“ достапен и за Македонците на црниот пазар во Косово за 500 евра!

Нас ни треба официјално известување околу начинот на дозирање. Знаеме дека кога станува збор за вирусни инфекции лекoвите дејствуваат на почетокот на инфекцијата, но сепак станува збор за нов лек, не би требало да шпекулираме. Добро е да се комуницира на писмено, вака излегува дека сите нови информации ги дознаваме преку новинарите, ние сме правни фирми, Министерството треба да се погрижи да добиеме официјално известување, со дејството на лекот и дозирањето. Мора да има протокол за лекување.Режимот на пропишани лекови кој постои од 2008 гласи дека постојат лекови кои може да ги препише матичен лекар без препорака од специјалист, но има и лекови кои само со одобрение од специјалист може да се добијат во аптека. Ние се уште не знаеме во која категорија на лекови спаѓа фавипиравирот, вели за Слободен печат д-р. Лидија Чолакова.

Директорот на МАЛМЕД Љирим Шабани вели дека Агенцијата за лекови овозможила достапност на лекот фавипиравир, по претходно разгледување на оправданоста на лекот, но не знаеше да каже од кога точно со овој лек ќе можат да се лечат граѓаните.

-Ние како агенција овозможивме достапност на лекот, имавме барање и писма за оправданост на фавипиравир и одлучивме да се одобри увоз. На сите болници кои побараа увоз а ги исполнуваа условите им беше одобрен увоз на лекот. Увоз беше одобрен и на една веледрогерија. Кога точно ќе  го има овој лек не можам да прецизирам. Лекот Авиган кој има има исти дејства како Фавипиравир доаѓа од Јапонија, а другиот од Турицја.  Се надевам дека наскоро на пристигнат кај нас, рече во изјава за Слободен печат директорот на МАЛМЕД, Шабани.

Здравјето нема цена, но иако успеете да соберете најмалку 12000 евра за лекување во приватна болница не значи дека ќе го добиете лекот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот