Македонија У21

Матео Софијановски: Против Ерменија да одиграме на највисоко ниво, сакаме да освоиме три бода

Репрезентацијата до 21 година утре против Ерменија ќе го одигра осмиот натпревар од овој цикус на квалификации за Европското првенство.

Утрешниот противник е единствениот кој до овој момент успеавме да го совладаме, а избраниците на селекторот Горан Станиќ најавуваат дека во Ереван ќе го забележат и вториот триумф.

“На дуелот против Ерменците одиме да освоиме три бода. Верувам дека целта може да ја исполниме. Сите фудбалери се подготвени да го дадат максимумот и ќе одиграме на највисоко ниво. Натпреварот со Италија беше огромно искуство за сите нас, тоа е репрезентација што се бори за првото место во групата и е фаворит за највисоката позиција. Сметам дека можеме да ја совладаме Ерменија, но мораме да ги отстраниме сите недостатоци што ги покажавме на мечот во со Италија, особено индивидуалните грешки да ги сведеме на минимум”, изјави Матео Софијановски.

Натпреварот што ќе одигра на теренот во тренинг центарот на националната асоцијација во Ереван почнува 15 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот