Масовно ѕвонење од броеви од странство на македонски корисници, НЕ ОДГОВАРАЈТЕ!

Фото: Илустрација

На социјалните мрежи се шпекулира дека повиците се од Литванија и Естонија. Граѓаните меѓусебно се предупредуваат да не одговараат на повиците, зашто телефонските сметки ќе им пораснат драстично. Тие ова го тврдат од претходни искуства. Броевите започнуваат на +370 (668), +370 (669), +48 780, +881 но не се исклучува можноста да има и други.

„Слободен печат“ очекува одговор од телефонските оператори во Македонија, во врска со бројните дојдовни повици од неидентификувани броеви од странство кон наши корисници кои утринава пристигнуваат масовно.

– За да се избегнат било какви штети и шпекулации, има надлежни институции кои треба да го превенираат ова. Не сакам да верувам дека зад оваа масовност се крие таргетирана разузнавачка операција. За да нема шпекулации потребен е одговор – вели Фросина Ременски, која утринава добила повик од броевите.

Таа за „Слободен печат“ тврди дека сомнежот околу мотивите за повиците е основан.

– Вакви алатки има имаат и разузнавачките служби и дивите мобилни оператори – вели Ременски.

На социјалните мрежи се шпекулира дека повиците се од Литванија и Естонија. Граѓаните меѓусебно се предупредуваат да не одговараат на повиците, зашто телефонските сметки ќе им пораснат драстично. Тие ова го тврдат од претходни искуства. Броевите започнуваат на +370 (668), +370 (669), +48 780, +881 но не се исклучува можноста да има и други.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот