Масовно навлегување во Мелиља, мигранти од Африка ја прескокнаа оградата и насилно влегоа во шпанската енклава

ФОТО: ЕPA

Мелиља и блиската Сеута се две шпански енклави кои се граничат со Мароко од кое се одвоени со бодликава жива.

Околу 50 миграни денеска насилно влегоа во шпанскиот град Мелиља откако ја преминаа оградата што ја одвојува оваа шпанска енклава на северот на Африка, од Мароко, соопштија локалните влести.

Тие мигранти беа дел од група од околу 250 мигранти кои покренаа масовно и насилно влегување во градот со тоа што ја прескокнаа оградата и ги игнорираа силите на редот и стражарите.

Портпаролот на организацијат ана Црвениот крст соопшти дека волонтерите на таа организација им помогнале на неколкумина мигранти со гребаници и модринки, додека најмалку четворица од нив се префрлени во локалната болница со скршеници на коските.

Според извештаите на владата, повреден е еден припадник на шпанските вооружени сили.

Мелиља и блиската Сеута се две шпански енклави кои се граничат со Мароко од кое се одвоени со бодликава жива. Во последните три месеци најмалку 1.140 мигранти влегоа во тие две енклави без дозвола.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот