Маските за лице ја загадуваат животната средина

Фото: ЕПА

За целосно распаѓање на пластичните маски за еднократна употреба што завршуваат во море, потребни се и до 450 години за нивно целосно распаѓање и напуштање на морскиот екосистем, според податоците на „Океани без отпад”.

Личната заштитна опрема за еднократна употреба (ППЕ) значително придонесува за веќе сериозната криза со загадување со пластика, предупредуваат експертите.

Се проценува дека 194 милијарди заштитни маски и ракавици за еднократна употреба се користат секој месец низ целиот свет како резултат на пандемија на коронавирусот, според истражувањето од областа на животната средина, пренесува Скај њуз.

ППЕ обично се прави од разни пластики, вклучувајќи полипропилен, полиетилен и винил.

Волонтерите низ Велика Британија се сведоци на големо пораст на количината на ѓубре на улиците, плажите, каналите и реките како резултат на маските за еднократна употреба.

За целосно распаѓање на пластичните маски за еднократна употреба што завршуваат во море, потребни се и до 450 години за нивно целосно распаѓање и напуштање на морскиот екосистем, според податоците на „Океани без отпад”.

Дури и ако се отстранува правилно, нивните тврдења се дека ППЕ не може да се рециклира бидејќи се смета за медицински отпад. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот