Мас: Германија е против какви било поместувања на границите на Балканот

Фото: Michael Sohn / AFP / Profimedia

Германија е категорично против какви било поместувања на границите, изјави денеска во Берлин германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас на заедничката прес-конференција со шефот на дипломатијата Бујар Османи, одговарајќи на новинарско прашање да даде коментар на нон пејперот што се појави минатиот месец, а во кој се предлага прекројување на границите на Западниот Балкан.

– Ова е нон-пејпер, а не е официјален документ. Не треба да се занимаваме со тоа понатаму. Не постои никакво учество на Германија, во никакви нон-пејпери, ако има за тоа гласини тоа се лажни вести. За германската надворешна политика секогаш основа на нашата политика за Западниот Балкан е дека не мешаме прсти во границите, рече Мас.

Германскиот министер потенцира дека какви било промени на границите, каде било, ќе имаат влијание врз целиот регион и ќе има негативни последици за сите.

– Во минатото го одбиваме тоа и сега го одбиваме, и во иднина комплетно тоа ќе го отфрлуваме, категоричен е Мас.

Нон-пејпер испратен до ЕУ минатиот месец, во којшто се предлага прекројување на границите на Западен Балкан, бил наводно напишан од словенечкиот премиер Јанез Јанша, кој потоа тоа го демантираше. Повеќе европски официјални претставници, како и политичари од регионот, предложената промена на границите ја оценија како опасна и го отфрлија овој концепт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот