марш на ангелите Фото: Принтскрин

„Марш за ангелите“ денеска во Скопје: Родителите на загинатите деца ги повикаа граѓаните да им се придружат

Во организацијата на Здружението на граѓани „16 Март 2025“ од Кочани и иницијативата „Кој е следен“, денеска, со почеток во 12:05 часот ќе се одржи 30. протестен марш „Марш за ангелите“ кој ќе започне од плоштадот „Македонија“.

Како што наведуваат организаторите, маршот има за цел да ја потсети јавноста на потребата од упорна и сплотена борба за правда.

„Свесни сме дека патот до правда ќе биде долг и тежок, исполнет со отпор и искривени намери. Но, ако ја пронајдеме заедничката точка на сплотување и ако застанеме еден до друг, системот нема да има друг избор освен да постапи онака како што бара народот.

Организаторите упатија апел до сите граѓани да им се придружат.

,,Дојдете и бидете со нас. Секоја поддршка значи сила, секој човек е важен. Да застанеме заедно, да покажеме дека болката не нè скршила и дека борбата за вистинска правда продолжува”, порачуваат организаторите.

Маршрутата опфаќа движење од плоштад „Македонија“, покрај Собранието, до Основниот кривичен суд – Скопје.

Пред Собранието и пред Судот се најавени говори и обраќања, а две централни изјави ќе бидат дадени на самиот почеток на протестот.

Судењето за случајот е закажано за 19 ноември. Според обвинението, 34 физички и 3 правни лица се обвинети за тешки кривични дела против јавната безбедност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот