„Марка“ објави дрим-тим кој можеше да го купи Барса за 555 милиони евра!

epa08799509 FC Barcelona's Lionel Messi reacts during the UEFA Champions League group G soccer match between FC Barcelona and FC Dinamo Kyiv at Camp Nou stadium in Barcelona, Catalonia, Spain, 04 November 2020. EPA-EFE/Enric Fontcuberta

Лионел Меси е во центарот на вниманието откако во јавноста протекоа детали од неговиот договор со Барселона.

Шпанскиот „Ел Мундо“ ги објави деталите за договорот кој Меси го потпиша со Барса во 2017 година. Аргентинецот потпиша договор до лето 2021 година и според истиот ќе инкасира дури 555 милиони евра.

Меси заработува дури 138 милиони евра годишно во каталонскиот клуб, што е навистина неверојатно. Овие детали ја шокираа јавноста во Шпанија, а адвокатите на Меси веќе најавија тужби против луѓето кои тоа го откриле.

Хаос во Барса поради Меси, грмат адвокатите кои најавуваат тужби!

Договорот на Аргентинецот со Барса е главна тема, а угледната „Марка“ дури објави и состав на играчи кои каталонскиот клуб можеше да ги донесе за 555 милиони евра, колку што вреди договорот со Меси.

Тие ги зедоа предвид цените на играчите кои ги менуваа клубовите во тој период и цените на нивните трансфери.

Тие се: Едерсон (40 милиони евра), Жоао Кансело (40 милиони евра), Бонучи (35 милиони евра), Хакими (40 милиони евра), Родри (63 милиони евра), Ван де Бек (39 милиони евра), Хаверц (80 милиони евра), Бруно Фернандеш (55 милиони евра), Жоао Феликс (120 милиони евра), Феран Торес (23 милиони евра) и Халанд (20 милиони евра).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот