Марк Кукуреља официјално за 60 милиони фунти во Челси

Марк Кукуреља потпиша договор на шест години со лондонските „сини“/фото: EPA-EFE/Mariscal

Шпанскиот фудбалер Марк Кукуреља од денеска и официјално е нов играч на Челси, со кој потпиша шестгодишен договор.

Овој 24-годишен дефанзивец пристигна во клубот од „Стемфорд бриџ“ од Брајтон, а според британските медиуми трансферот е вреден околу 60 милиони фунти.

Минатата сезона за Брајтон одигра 38 мечеви во сите натпреварувања и постигна еден гол.

– Навистина сум среќен. Ова е одлична можност за мене да се приклучам на еден од најдобрите клубови во светот. Ќе се обидам да бидам среќен овде и да му помогнам на тимот – рече Кукуреља.

Од 2017 до 2020 година беше член на Барселона, но не доби вистинска можност, па поголемиот дел од времето го помина на позајмица во Еибар и Хетафе, од каде што се пресели во Брајтон.

Пред Шпанецот летово на Стенфорд Бриџ пристигнаа Рахим Стерлинг, Калиду Кулибали, Габриел Слонина (испратен на позајмица во американскиот Чикако фајр до 31 декември 2022) и Карни Чуквуемека. Според британските медиуми, лондонските „сини“ досега потрошиле повеќе од 170 милиони фунти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот