Марк Ентони изнесе непознат детаљ за Џенифер Лопез: Таа сакаше да се прикрадува и да ги прислушува своите вработени

Instagram
Џенифер Лопез и Марк Ентони/Фото: Принтскрин/Инстаграм

Марк Ентони, поранешниот сопруг на пејачката и актерка Џенифер Лопез, тврди дека неговата поранешна сопруга ги прислушувала нејзините вработени.

Овој бизарен детаљ од нивниот десетгодишен заеднички живот, Ентони неодамна го раскажа за американските медиуми.

Instagram

Ентони раскажа дека латино ѕвездата ги прислушувала своите вработени и навистина уживала во тоа.

„Тоа ѝ беше многу забавно. Во куќата имавме надзорни камери, а таа понекогаш седеше пред екранот и слушаше за што зборуваат куќните помошнички додека беа во кујната“, рече Марк.

Instagram

„Некогаш сакаше да се прикраде зад ѕидот и да ги слуша нивните разговори. Не знам зошто толку многу ја забавуваше тоа, но мислам дека тоа го прави и денес“, додава тој.

Инаку, Џенифер Лопез и Марк Ентони беа во брак од 2004 до 2014 година и, иако се поранешни сопружници, тие останаа во одлични односи и постојана комуникација.

Instagram

„Искрено, ќе бидеме пријатели засекогаш. Јас секогаш ќе бидам тука за него, тој секогаш ќе биде тука за мене. Ние двајцата делиме нешто посебно, а тоа се нашите деца, и двајцата сме свесни за тоа. Ние сме тука за нив и тоа е најважно“,  изјави Џенифер Лопез за магазинот „People“ во 2017 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот