Марјан Ристовски е новиот крилен играч на Брера Струмица
Крилниот фудбалер Марјан Ристовски следната натпреварувачка сезона ќе го облече дресот на Брера Струмица. Управата на клубот и овој 27 годишен фудбалер се договорија да биде дел од тимот и со стартот на подготовките за новата сезона, Ристовски ќе биде на располагање на стручниот штаб предводен од Бојан Круљ.
Препорачано
Ристовски потекнува од Гевгелија, а во својата кариера има настапувано за повеке македонски клубови. Тој во Струмица доаѓа од Вардар каде во последната сезона одигра 29 натпревари постигнувајки три гола и запишувајки седум асистенции.
Претходно има настапувано и за екипите на Силекс, Работнички, Борец, Тиквеш и Кожуф.
– Среќен сум што ќе бидам дел од Брера Струмица и ќе дадам сè од себе да се исполни зацртаната цел за следната сезона. Станува збор за клуб кој сите го репектираат бидејќи го води една легенда како што е Горан Пандев. Брера е фудбалски проект кој веќе го препознаваат сите и ми претставува задоволство што ќе бидам дел од него – кажа Ристовски.
Стартот на подготовките за следанта сезона е закажан при крајот на месецов, а претходно дресот на Брера Струмица го облекоа Французинот Дианеси и искусниот напаѓач Каланоски.


