Марија Шерифовиќ сама на стадион: Ќе запеам како да има 50.000 луѓе пред мене!

Instagram
Фото: Инстаграм

Пејачката Марија Шерифовиќ (35) овие денови се спрема за неделниот концерт на стадионот на фудбалскиот клуб Партизан во Белград. Се верува дека се е спремно до последниот детал, а на стадионот со себе го понела и англискиот булдог Хак. Сите оние кои ќе ја симната апликацијата Џубокс, која ќе биде достапна и за Андроид и за iOS уредите, можат без купени карти да уживаат во настапот.

Победничката на Евровизија 2007 година, истакна дека едвај чека да ги развесели луѓето, а иако концертот нема да има публика, преку апликацијата ќе може да комуницира со нив на социјална дистанца.

„Пред себе ќе имам голем монитор на кој ќе читам се што ќе ми пишуваат луѓето преку апликацијата, а можеби некому ќе му ја исполнам и желбата“, појасни Марија во емисијата на Белградскиот хроник.

Како што истакнала, била многу тажна што нејзините концерти во Сава Центарот се откажани поради пандемијата од коронавирусот, но затоа сега се ќе надокнади и покрај специфичните околности и без публиката. Ќе се прави како пред неа на стадионот да има 50.000 луѓе, а верува дека проектот ќе биде успешен.

„Моите колеги во претходниот периот на различни начини ги развеселуваа луѓето, а ние сето ова време размислувавме како и на кој начин да целата оваа ситуација ја приведеме кон крајот на најадекватниот начин и затоа и дојде идејата“, истакна Марија и додаде дека нема да има преголема разлика во нејзината изведба поради тоа што нема да има луѓе.

View this post on Instagram

Sreca ?

A post shared by Marija Serifovic (@serifovic) on

„Инаку пеам исто и за пет и за 50.000 луѓе. Секако дека публиката е таа која на концертот дава некоја посебна размена на емоции и енергија, но сигурна сум дека тоа нема да ни претставува проблем“, вели. Откри дека концертот ќе трае барем саат време, а можеби и некоја минута повеќе доколку биде расположена. Ќе започне со песната „Паметна и луда“, а потоа ќе продолжи спектаклот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот