„Маргини“: Владата да го врати Законот за матична евиденција во Собрание, пратениците да го прочитаат

Најостра осуда за повлекувањето на измените на Законот за матична евиденција од страна на Владата  упати Националната мрежа за борба против хомофобија и трансфобија „Маргини“.

-Со ова државата потфрли во изградбата на општество за сите, да ја исполни обврската кон Европскиот суд за човекови права која произлегува од пресудата во случајот Х против Македонија со која ја задолжува државата да овозможи брза и лесна административна постапка за правно признавање на родот врз основа на себеопределување. Со повлекувањето на законот трансродовите луѓе се оставени без никаква правна заштита. Барањата на некои пратенички групи за измена на законот со кои би се предвиделе наислни медицински интервенции врз трансродовите луѓе се спротивни на Уставот. Неточно е дека Законот за матична евиденција е вовед во истополови бракови зашто законот предвидува задолжителен развод на тие кои сакаат правно признавање на родот – изјави Лила Милиќ од Иницијатива за заштита и унапредување на правата на трнсродовите лица.

Правната советничка на коалицијата „Маргини“, Наташа Бошкова смета дека најгласните пратеници-противници воопшто не го прочитале предлог законот. Таа побара Владата да го врати законот во Собранието и таму да се отвори јавна расправа за сите спорни прашања.

-Законот предвидува уредување на постапката во сите области кои ќе бидат засегнати од промената на податокот за пол. Тоа лице потпишува изјава заверена на нотар во која јасно укажува дека промената ја прави заради усогласување на родовиот идентитет со ознаката за пол во матична евиденција и под морална, кривична и материјална одговорност. Повеќе од 10 луѓе веќе го имаат променето податокот за пол врз основа на добиената пресуда Х против Македонија. Ќе продолжиме со барање на правна заштита во државата но и во Европскиот суд за човекови права, а државата ќе продолжи да плаќа и надомест на штета за повредите кои ги сторува на овие луѓе децении наназад – вели Бошкова.

Владата го повлече законот кој ќе овозможеше декларативно да се смени полот, соопшти Груби

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот