Мараја Кери „удри“ по Рокенрол куќата на славните — „Дајте му го признанието на некој друг, не ми е грижа“
Музичката икона Мараја Кери покажа дека воопшто не е погодена од фактот што не се најде на најновата листа за прием во Рокенрол куќата на славните. Иако беше номинирана за класата во 2026 година, поп-дивата беше изоставена од финалниот избор, што предизвика лавина реакции меѓу нејзините обожаватели, пренесува „ТМЗ“.
Препорачано
При нејзиното последно појавување во Њујорк, Мараја кратко и јасно порача:
„Кој се грижи за тоа“.

Таа дури додаде дека признанието слободно можат да му го доделат на некој друг, со што стави до знаење дека нејзиниот статус во музичката историја не зависи од ваквите формалности. Фановите кои ја пречекаа пред нејзиниот хотел гласно протестираа поради, како што велат, непочитувањето кон нејзината кариера и 19-те хитови на првото место, но пејачката само им се заблагодари за љубовта, велејќи дека тие се нејзиниот најголем приоритет.
Видеата од нејзината опуштена реакција брзо се проширија на Инстаграм, каде поддржувачите продолжуваат да ја слават како неприкосновена кралица на поп и Ар-ен-Би музиката. Додека јавноста дебатира за овој „превид“, Мараја веќе се фокусира на нови поглавја во животот, вклучувајќи го и купувањето на нов дом надвор од Њујорк, веднаш по продажбата на нејзиниот долгогодишен апартман вреден 27 милиони долари.
Фил Колинс откри дека е под постојан медицински надзор: „Телото ме предаде“


