Мараја Кери се согласила да ја пее „Кен Ли“ на својата турнеја: Пејачката го објавила познатото ХИТ ВИДЕО на друштвените мрежи (ВИДЕО)

Да се потсетиме, оваа верзија од песната „Without You“ на Мараја Кери ја прослави Бугарката Валентина Ивановна Хасан во бугарскиот „Идол“.

Пред околу десетина години целосен хит на друштвените мрежи беше видеото на кое симпатичната Бугарка Валентина Ивановна Хасан во бугарското издание на натпреварувањето „Идол“ ја изведува песната на Мараја Кери „Without You“ во некоја своја варијанта.

Оваа песна на Мараја Кери, Валентина ја прекрсти во “Кен Ли“.

Мараја Кери својата светска турнеја ја нарече „Caution World Tour“, а на својот профил на друштвените мрежи објави видео кое стана целосен хит.

На тоа видео пејачката открива дека ќе ја пее песната “Кен Ли“ и тоа на бис. Мараја го покажа списокот со песни на кој навистина се наоѓа и таа песна.

Погледнете го видеото кое го објавила Мараја Кери:

 

View this post on Instagram

 

I Ken Lee…. Tulibudibudoubt you ?

A post shared by Mariah Carey (@mariahcarey) on

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот