Масовниот убиец од Норвешка, Андрес Брејвик/ Фото: EPA/LISE AASERUD NORWAY OUT

Манифестот на масовниот терорист Брејвик се најде на веб-страницата за продажба на британски синџир книжарници

Печатеното издание на озлогласениот манифест на терористот и ултрадесничар Андерс Брејвик, кој уби 77 луѓе во најголемото мирновременско злосторство во историјата на Норвешка, се најде на веб-страницата за продажба на најголемиот британски синџир книжарници „Waterstones“.

Британските власти минатата среда го открија манифестот на Брејвик на веб-страницата на „Waterstones“, но текстот подоцна беше отстранет, за што беше информирано раководството на синџирот книжарници, пишува лондонски „Гардијан“.

Во 2011 година, Брејвик прво уби осум лица со автомобил-бомба во Осло, а потоа се упати во младински камп на островот Утоја, каде пукаше и уби уште 69 луѓе, главно тинејџери.

Десничарскиот екстремист го објави својот антимуслимански манифест на 1.500 страници неколку часа пред да ги изврши терористичките напади.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот