Почнува „Кривопаланечко културно лето 2019″

Со концерт на староградски песни на „Распеани паланчани” насловен „Осоговска староградска вечер, што ќе се одржи на плоштадот „Карпошово востание” и со изложбата на фотографии од настапите на друштвото во изминатите години во Локалната установа „Градски музеј”, вечерва во Крива Паланка официјално ќе започне годинашното “Кривопаланечко културно лето”, што ќе трае до септември.

– И годинава следи богата програма сценски настапи, музички концерти, фестивали, фолклорни фестивали, ликовни изложби, ликовна колонија. Во дијапазонот настани се вметнати повеќе традиционални интернационални фестивали, како фолклорниот фестивал „Св. Јоаким Осоговски”, познатиот рок- фестивал „Џојфест”, меѓународната ликовна колонија „Св.Ј оаким Осоговски” и други, како и нововостановениот Меѓународен детски фестивал „Паланачка тројка”. Секако, не изостануваат ниту еднодневни фестивали кои првпат ќе се одржат во градот, а ќе ја надополнат културната програма на градот, како „One love tour”, јубилејна изложба 30 години творештво на академскиот сликар од Крива Паланка, Роберт Цветковски и други, информира Службата за комуникација со јавност при Општина Крива Паланка.

Манифестацијата „Кривопаланечко културно лето 2019″ ја организираат Општина Крива Паланка, Локалната установа „Градски музеј” и Националната установа „Центар за култура Крива Паланка”, во соработка со повеќе локални здруженија од областа на културата и уметноста, а е финансирана од Министерство за култура на Република Северна Македонија, како и останати поддржувачи, како рудници „Булмак- Минстрој”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот