Манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“ и колонијата „Арт поинт – Гумно“ потпишаа меморандум за соработка

Колаж фотографии од настанот во с. Слоештица

Во амбиентот на „Арт поинт ‒ Гумно“ во с. Слоештица, демирхисарско, на 13 август беше потпишан меморандум за соработка помеѓу „Поетска ноќ во Велестово“ и „Арт поинт – Гумно“, претставувани од Славе Ѓорѓо Димоски и Ирена Андреевска.

Поводот за официјализирање на досега неформалната соработка помеѓу двете организации беа двата големи јубилеја: 35 години „Поетска ноќ во Велестово“ и 20 години „Арт поинт – Гумно“.

Тие се согласија дека ќе продолжат да соработуваат на проекти за развој на културата, уметноста и книжевноста во руралните средини, како и дека ќе бидат поддршка за младите и за ранливите категории граѓани.

Во име на овој свечен чин се одржа и камерно поетско читање на кое учествуваа поети од Македонија, од Хрватска, од Грција и од Чешка. На настанот присуствуваа и фотографите од Либеречката школа за фотографија, коишто се на резиденцијален престој во Слоештица.

Славењето на 35. издание на „Поетска ноќ во Велестово“, започна на 12 август, со откривање на скулптурата „Раката на поетот“ од Никола Пијанманов, на сретсело во Велестово и со интернационално поетско читање „Прелудиум“ на кое во кафе и бар „Шила“ во Охрид настапија осуммина поети од Македонија, од Хрватска, од Грција, од Италија и од Фарските Острови.

Официјалното отворање на 35. издание на „Поетска ноќ во Велестово“ ќе се случи в петок, во Велестово, од 21 часот, а програмата ќе опфати настани и на 19 и на 20 август, кога ќе настапат уште дваесетина учесници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот