Манасков втор стрелец во новата победа на Веспрем

Дејан Манасков придонесе со пет гола во победата на Веспрем против НЕКА/Фото: handballveszprem.hu

Од враќањето по повредата поради која паузираше осум месеци, македонското лево репрезентативно крило покажува одлични партии.

Во најсилниот унгарски шампионат Веспрем триумфираше над НЕКА со убедлив резултат 24:33, иако на паузата водеше домаќинот со 17:16.

Дејан Манасков беше втор стрелец во победата на гостите со пет голови, поефикасен од него беше само Лукаш со седум погодоци.

На табелата Веспрем е на првото место со 48 бодови, три повеќе од второпласираниот Пик Сегед.

Во следното коло на 28 мај ривал на Манасков и неговите соиграчи во првенството ќе биде Татабања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот