МАМАВИЗИЈА | Голејшка Џикова: Мирисот на симит-погача ме потсетува на бебиња
Писателка и мајка, прекрасната Ана Голејшка Џикова се одважи на нашата покана да ја раскаже личната приказна за мајчинството. Таа како еден препознатлив лик, одличен пишувач на сликовници и фантастичен познавач на детскиот свет, како дел од бројни работилници со деца, низ емисијата „Мамавизија“ внесува еден ведар детски дух, а во истовреме начнува една сериозна тема за мајките.
Препорачано
-Ние како жени треба да се поддржуваме, надополнуваме и да си помагаме. Многу е важно во ова општество повеќе да се нагласат клучните проблеми со кои се соочува една мајка, како на пример, едно најобично движење од точка А до точка Б, колку понекогаш може да биде мисловна именка поради лошата инфраструктура. Овде мислам и на соочување со логистички проблеми кои се редовна мака за мајките, системските сопки итн. Овие прашања треба отворено да се зборуваат и да се разглобуваат – вели нашата соговорничка, желна да се поправат недостатоците за подобар живот на една мајка.
Голејшка Џикова е мајка на малата и слатка принцезичка Надја, а во текот на емисијата се присетува на бременоста и породувањето.
-Јас се породив во Чаир, тој ден го паметам по мирис на симит-погача. Затоа и денес мирисот на симитчиња ме потсетува на бебиња – вели низ смеа таа.

Погледнете ја новата епизода на „Мамавизија“ премиерно вечерва на јутјуб-каналот на „Слободен печат“. Водител и автор е Александра Вуксановиќ.


