Драгана Младеновска - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Драгана Младеновска - Фото Слободен печат - Методи Здравев

МАМАВИЗИЈА | Драгана Младеновска: За да го свртам бебето во стомакот и да избегнам царски рез, буквално стоев и на глава

Ако пред една декада вежбањето за трудниците кај нас не беше ни тема на дискусија, последниве години се појавија неколку храбри жени кои пркосат на некои непишани правила околу вежбањето и исхраната кај трудниците и доилките. Една од нив е нашата денешна гостинка во „Мамавизија“, која на сево ова додава и факти од науката, дополнително споделувајќи го своето искуство.

Таа е 34-годишна мајка на слатките Ана и Ема. Драгана Младеновска, фармацевт, магистер по диететика и диетотерапија. Храбра жена која од свои 25 години води бизнис – фитнес студио „Фитлајф“(Fitlaife).

– Бев вработена како фармацевт непосредно по диполомирањето, но не се чувствував своја на своето. Парарелно бев и пилатес-инструктор, забележував дека тој дел ме исполнува многу, чувствував дека вежбачките ме сакаат и ми веруваат. Одлучив да дадам отказ и да ја насочам целокупната енергија на вежбањето. Беше ризик, но вредеше. Истиот месец кога дадов отказ од работа, останав и трудна – се присетува Младеновска.

И двете бремености ги поминала лесно, вежбала буквално до последниот ден од бременоста, а за тоа време трудница да вежба важеше за табу-тема.

– Имав еднаш една непријатна ситуација. Во бременоста со Ана за време на час прокрвавев. Тоа многу ме исплаши бидејќи не бев способна ни да се движам. Сопругот ме однесе на лекар, каде што докторот ми соопшти дека не е ништо страшно, пукнале капилари. Се израдував откако ми рече дека по неколку дена пауза можам да се вратам во салата и да продолжам со вежбање. Докторот не ми забрани вежбање во бременоста – раскажува Младеновска.

Драгана Младеновска - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Драгана Младеновска – Фото Слободен печат – Методи Здравев

Специфично за двете бремености кај неа било тоа што и двете бебиња биле свртени карлично поради што не можела да се порди природно.

– И во првата и во втората бременост до последен момент не можев да го прифатам фактот дека ќе треба да се породам со царски рез. Направив сè што беше во моја моќ за да го свртам бебето, правев специјални вежби, ако ви се верува, буквално стоев на глава. Но, за жал и во двете бремености немав среќа да се породам природно. Сепак најважно е да останат мајката и бебето живи и здрави – рече таа.

Погледнете ја новата епизода на „Мамавизија“ на јутјуб-каналот на „Слободен печат“. Водител и автор е Александра Вуксановиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот