Арта Биљали Зендели - Фото Слободен печатѕ - Методи Здравев
Арта Биљали Зендели - Фото Слободен печатѕ - Методи Здравев

МАМАВИЗИЈА | Арта Биљали-Зендели: Не би сакала моите деца да влезат во политиката

Во деншената епизода на „Мамавизија“ имаме гостинка која е позната од политичките кругови, поранешна пратеничка, актуелна портпаролка на ДУИ. Таа е мајка на два сина Еди и Арбан и сопруга на Елвир Зендели. Арта Биљали-Зендели речиси и да не зборувала за приватниот живот во медиумите и со топло срце ја прифати поканата да си ја отвори душата и да го раскаже нејзиниот пат до мајчинството.

Биљали-Зендели вели дека сега сфаќа дека во првата бременост помалку стравувала, за разлика од вториот пат кога кај неа доминирал стравот да не ѝ се случи нешто на породувањето и да го остави синот без мајка.

– Кога се породив вториот пат првите зборови ми беа како ми се децата и ја памтам сликата кога ги видов двајцата пред мене, срцето ми беше полно. Не знам зошто цело време ми се вртеше мислата „само да не го оставам Еди (постариот син) без мајка“ – раскажува таа.

Нашата соговорничка нагласува дека нејзината политичка инволвираност има големо влијание во домот, како што вели дури и појавувањето во „Мамавизија“ е голема одговорност за неа и претставува некаков притисок за нејзините најблиски.

– Со оваа емисија ме натеравте да ги насочам мислите настрана од политиката и за првпат во медиумите да зборувам за нешто убаво, ви благодарам за ова задоволство. Иако, одговорноста да се биде јавна личност во политиката е голема и е огромен товар за мене и моето потесно семејство – рече Биљали – Зендели.

Арта Биљали Зендели - Фото Слободен печатѕ - Методи Здравев
Арта Биљали Зендели – Фото Слободен печатѕ – Методи Здравев

Зендели вели дека не би сакала нејзините деца да влезат во политиката, особено не додека се млади.

– Јас доцна влегов во политиката, тоа не беше многу лесно прифатено од мојата мајка, на која не ѝ беше сеедно за овој мој чекор. Размислувајќи сега и јас не би сакала моите синови да влезат во политиката, ќе се трудам да ги насочам во приватниот сектор – вели таа.

Во емисијата се присетува на двете бремености и породувањата, воедно ни откри дека второто породилно отсуство го прекинала предвреме.

– Кога Арбан имаше четири месеци, излезе конкурс за вработување на факултет. Прашав во Министерството за образование, ако сум на породилно, дали може да се авансирам и ми рекоа дека нема да можам додека сум на породилно. Бев принудена да ја направам таа жртва, бебето што го доев го оставив дома за да почнам на работа, затоа што приликата беше неповторлива – вели таа.

Арта Биљали Зендели - Фото Слободен печатѕ - Методи Здравев
Арта Биљали Зендели – Фото Слободен печатѕ – Методи Здравев

Арта се присетува и на нејзиното детство, за животот во Приштина, каде што е родена, преселувањето во Гостивар, како и за нејзината силна поврзаност со нејзината мајка.

Гледајте „Мамавизија“ на јутјуб-каналот на „Слободен печат“. Водител и автор на емисијата е Александра Вуксановиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот