Малта ја затвора границата за невакцинираните
Малта ќе забрани влез на сите невакцинирани посетители во земјата од среда, објави министерот за здравство Крис Ферн.
Препорачано
Негативен тест за вирусот повеќе нема да биде доволен за да се премине границата на овој мал медитерански остров.
„Ние ќе бидеме првата земја на Европската унија што ќе донесе ваква одлука, мора да го заштитиме нашето општество“, рече Ферн на денешната прес-конференција. Тој зборуваше откако двојно повеќе луѓе беа заразени секој ден на Малта од понеделникот.
До денес, туристите можеа да влезат на Малта ако се целосно вакцинирани или ако можат да презентираат негативен ПЦР тест. Единствен исклучок се британските туристи, кои веќе мораа да бидат целосно вакцинирани поради распространетоста на делта варијантата во нивната земја.
„Сертификатите важат само за оние кои биле целосно вакцинирани“
Ферн рече дека неодамнешниот пораст на нови случаи е меѓу посетителите кои иако имале негативен тест пред да се качат во авионот, не биле вакцинирани. Повеќето се млади луѓе кои посетуваат училишта на англиски јазик. Тие училишта ќе треба да се затворат од среда.
Ферн рече дека Малта ги признава само сертификатите издадени од Европската унија или Велика Британија. Тој исто така рече дека таканаречениот зелен пас на ЕУ во моментов им дава потврда на луѓето кои биле целосно вакцинирани, кои се негативни или се опоравиле од вирусот.
„Од среда важат само ЕУ-сертификатите за оние кои се целосно вакцинирани“, нагласи тој.
Единствен исклучок ќе бидат невакцинираните деца на возраст од 5 до 12 години, на кои ќе им биде дозволен влез на Малта доколку презентираат негативен тест и ако патуваат во придружба на целосно вакцинирани родители. Малта целосно вакцинираше 79 проценти од возрасната популација и се обидува да го зголеми тој процент на 85 проценти.


