Мали се шансите ИДС да го поддржат Милановиќ во вториот претседателски мандат

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ повторно се најде на удар на хрватската јавност, посебно откако завчера изјави дека „Косово е украдено од Србија“ и дека „Крим никогаш нема да биде Украина“. Поради ваквиот негов став, лидерот на истарскиот демократски сабор (ИДС), Далибор Паус денеска изјава дека сѐ оди во правец тие како партија да не го поддржат Милановиќ на изборите за втор претседателски мандат.

Паус изјави дека се уште не се одлучиле за евентуална поддршка за Милановиќ за втор мандат, но дека се оди во насока да не го поддржат.

-Тој уништува еден начин на комуникација и доверба во институциите, а тоа е пречка да биде добар претседател. Како што сега стојат работите, се оди во насока да не го поддржиме, но се надеваме дека претседателот ќе се вразуми бидејќи кога е поважно како нешто е кажано, а не што е кажано, тогаш работите не се добри, изјави Паус во гостување на загрепската телевизија Н1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот