Пленковиќ: Милановиќ го урива кредибилитетот на Хрватска

Зоран Милановиќ и Андреј Пленковиќ
Зоран Милановиќ и Андреј Пленковиќ / Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска оцени дека претседателот Зоран Милановиќ со своите изјави го „поткопува кредибилитетот на надворешната политика на Хрватска“.

Тој се осврна на изјавата на Милановиќ дека „Крим повеќе нема да биде дел од Украина“, поради што денеска реагираше портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи, Олег Николенко, кој на Фејсбук напиша дека хрватскиот претседател „го доведува во прашање територијалниот интегритет на Украина“. .

Сметаме дека тоа е неприфатливо“, рече портпаролот, пренесуваат хрватските медиуми.

Во изјавата за новинарите во Загреб, Пленковиќ рече дека „Украинците реагираат онака како што треба да реагираат“.

„Тие реагираат на тој што ни го урива надворешнополитичкиот кредибилитет во меѓународната заедница, а тоа е Милановиќ кој изговара погрешни реченици“, рече Пленковиќ.

Тој додаде дека Хрватска има одлични односи со Украина, а Милановиќ „изговара погрешни ставови и судови“.

„Многу лошо, од лошо на полошо. Но, за среќа, луѓето знаат кој е“, рече Пленковиќ за Милановиќ, спомнувајќи го во тој контекст коментарот на Милановиќ за Косово и го оцени како „небулозен“.

Хрватскиот претседател Милановиќ вчера изјави дека „Крим никогаш повеќе нема да биде Украина“ и дека „Косово и е украдено на Србија“.

Милановиќ: Го украдовме Косово од Србија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот