Малерозни скопски рабојници влетале во продавница во Топанско Поле, барале по касите, но си заминале со празни раце

Разбојништво, Фото: МИА

Двајца разбојници, кои им се заканувале на вработените, се обиделе да ограбат скопски маркет, но откако ги пребарале касите и не нашле пари, си заминале со празни раце, соопшти полицијата.

„На 19.03.2023 во 20.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на ул.„Македонско-косовска бригада” во Скопје, две лица со закана кон вработените, пребарувале по касите, но, според вработените, не одзеле ништо“, велат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот