Маленко фалсификувал исправа, Судот му додели условна казна од три месеци затвор

александар маленко
Фото: Фејсбук

Основниот кривичен суд Скопје му изрече три месеци условна казна затвор на Александар Маленко поради фалсификување исправи на Пливачката федерација на Македонија.

Основниот суд Скопје донесе пресуда дека Александар Маленко е виновен за фалсификување исправа и му додели условна казна од три месеци затвор.

Александар Маленко беше сменет од функцијата претседател на Пливачката федерација на Македонија, но тој продолжи да дејствува како таков, без поддршка од клубовите. Според централниот регистар на Македонија, Александар Филипчев е прв човек на македонското пливање со решение од 07.06.2019.

Во меѓувреме претседателот на Националната пливачка федерација, Александар Филипчев поднесе кривична пријава за Маленко за лажно користење на печати и лажно претставување.

Образложението на судот:

„На 20.06.2019 година во име на правното лице Пливачка федерација на Северна Македонија издал исправа до Генералниот секретар на КОМЕН КУП, технички секретар на КОМЕН КУП во Бургас техничка организација пливачка федерација на Бугарија со кои го одјавил тимот на натпреварувачи кој се состои од Блажевска Еминова Миа – пливач спортист и Илија Стојановски – тренер, кои биле делегирани од страна на Националната пливачка федерација Скопје, на која исправа своерачно се потпишал и кон својот потпис додал дека има положба – претседател на Пливачката федерација на Северна Македонија иако знаел дека го нема тоа својство затоа што бил сменет од претседателската функција на Федерацијата со решение 07.06.2019 година на Централниот регистар на РСМ.

Со кои дејствија обвиинетиот Александар Маленко од Охрид, сторил кривично дело – Посебни случаи на фалсификување исправи од чл.379 ст.1 т.4 в.в. ст.1 од Кривичниот законик, па согласно цитираниот член, како и членовите 4, 32, 33, 39, 48, 48-а, 49 и 50 од Кривичниот законик судот на обвинетиот му изракува алтернаивна мерка.

На обвинетиот Александар Маленко од Охрид му се изрекува казна затвор од 3 – три месеци и судот истовремено одредува дека истата нема да се изврши доколку обвинетиот во рок од 1 – една година по правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот