Мала астро школа: Од кого и што примаме најголема енергија

Дали сме алчни и за што, нетрпеливи или спокојни, каде ја „истураме“ нашата енергија и од што ја примаме…На овие прашања одговорот ни го дава Марс во 12.те астролошки куќи.

Во антички Рим, Марс бил бог на војната и многу празници се славеле во негова чест. Грците го нарекоа Арес и не го славеле. Во целата грчка митологија Арес постојано се омаловажувл од другите богови, освен од Афродита (Венера), божица на љубовта, која го обожавала.

Раните астролози го гледале Марс како планета на насилството, гневот и лошото расположение. Во 15. век оваа планета била поврзана со кражби, убиства, насилство, измами и секаква злоба.
Денес, астролозите продолжуваат да го поврзуваат Марс со гнев, несреќи, повреди. Но, исто така,  го гледаат како планета на дејствување, енергија и желба, која носи волја, истрајност, страст, физичка сила и храброст да го извршиме она што го сакаме. Марс, всушност, ги придвижува настаните.

На четвртата планета во Сончевиот систем, на Марс, му се потребни речиси две години да го заврши својот пат во зодијакот. Во просек, тој поминува околу два месеци во секој знак.

Позицијата на наталниот Марс во секоја астролошка куќа ни покажува каде е поверојатно дека ќе се однесуваме импулсивно, може ли да ризикуваме и дали знаеме да ги следиме личните желби.

Што значи наталниот Марс да е во 1.куќа – Енергични и страствени, ги започнувате вашите активности брзо и импулсивно, а вашите страсти им се познати на сите. Оваа позиција дава голема виталност и енергична личност.

Марс во 2. куќа – Конкурентна, алчна и практична личност. Личност која знае како да се фокусирате на конкретна цел, особено кога целта е од материјална природа. Тука важи девизата – целта ги оправдува средствата. Сакате да бидете наградени за вашите напори, а не само со пофалби.
Парите и материјалните предмети значат многу повеќе отколку зборовите.

Марс во 3.куќа – Имате енергичен, независен и понекогаш контроверзен ум. Знаете да ги наречете работите по нивно име, дури и ако тоа може на другите да им создаде проблеми. Може да бидете многу духовити, но и многу агресивни во разговорите. Често нетрпеливи личности, расеани и личности чија енергија не може да биде константна.

Марс во 4.куќа – Обидете се да го компензирате тешкото детство со тоа што ќе се фокусирате на семејниот живот. Многу заштитнички личности за домот и семејство, а од друга страна, самите вие сте независни, со стабилен став и вродена виталност. Семејните проблеми ви ја трошат енергијата, затоа мора да се стремите да создадете средина полна со хармонија.

Марс во 5.куќа – Импулсивни, возбудливи и многу сензуални, вие сте активни и забавни. Љубители сте на креативни проекти. Личности кои се максимум вклучени во животот на своите деца. Во работата секогаш барате игра. И спортските предизвици со ваква поставеност на Марс се големи, а ризиците ве стимулираат.

Марс во 6.куќа – Работата ве стимулира, но ја „одводнува“ вашата енергија. Ефикасна личност, надарена и прецизна; со голема физичка енергија, одлични практични вештини и страст кон трговијата. Досадните работни места ве мачат и не трпите многу правила – тие можат да ве однесат кон бунт. Од друга страна, предизвиците ве стимулираат, дури и кога тие вклучуваат ризици.
Бидете внимателни да не работите премногу, давајте си малку одмор за себе.

Марс во 7.куќа – Односите со партнерот ви даваат енергија, но тоа не значи дека е лесно да управувате со нив. Не се плашите од ништо: ги ставате картите на масата со храброст (и доза на агресија). Марс во седмата куќа е позиција на отсуство на конфликт по секоја цена; сепак, можете да привлечете агресивни партнери.

Марс во 8 куќа – Имате силни желби, сексуална харизма и решеност да ги реализирате плановите. Талентирани истражувачи, можеби ќе бидете привлечени од алтернативни, лековити терапии и окултни дисциплини. Финансиското управување ве фасцинира, иако парите и наследството можат да бидат извор на конфликт. Бидејќи оваа позиција ја стимулира потрагата по интензивни искуства, без страв се обидувате во работи што ги избегнуваат другите луѓе.

Марс во 9. куќа – Идеалистичка, страсна и независна личност, со силни убедувања, јасни цели и желба да го видите светот. Мотивирани сте од идеи и лесно се снаоѓате во областите на законот, религијата, образованието. Но, можете да западнете во фанатизам и да станете нетолерантни.

Марс во 10. куќа – Кариерата ве исполнува со енергија. Би сакале да бидете славни, но дури и повеќе од тоа, би сакале да бидете вклучени во некоја задача што бара стратегија и интелигенција, како што се војна, движење, социјален протест или, поскромно, производство на филм. Амбициозни сте, но и агресивни, вие сакате да имате влијание врз светот.

Марс во 11. куќа – Пријателите ви даваат голема енергија, ве стимулираат и ви помагаат да ги исполните вашите аспирации. Во група, обично станувате лидер. Но, исто како што сте многу барани во друштвени активности, така може несвесно да создавате конфликти или да бидете привлечени кон кавги со поединци.

Марс во 12. куќа – Другите луѓе можеби не разбираат кој сте навистина вие, затоа што вашата енергија, лутина и страст се скриени. Не сакате да ги откриете овие аспекти и, како резултат, ризикувате да не бидете разбрани. Исклучително сте ефикасни, но само кога работите зад сцената

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот