Мала астро школа: Каде да ја најдам мојата среќа?

„Мојот Јупитер е во знакот на Стрелец, што значи тоа?“ или „Имам Јупитер во знакот на Овен, какви карактеристики тогаш имам?“

Најголемата планета во Сончевиот систем, Јупитер, е позната како планета на среќата. Јупитер ја претставува благосостојбата, напредувањето, успехот и експанзијата, симбол е на дарежливоста и добродушноста. Јупитер ни носи среќа, можности, оптимизам, но и дарува високо образование и мудрост.

Поставеноста на Јупитер во конкретен астролошки знак во наталната карта ни помага, заедно со асцедентот и положбата на планетите во 12-те куќи, подобро да го дефинираме нашиот карактер или карактерот на личноста за која ја правиме наталната карта.

Што значи да се има Јупитер во Овен: Голема виталност, желба да се живее и да се биде вклучен во многу проекти. Среќата ве следи во вашите постапки доколу тие повеќе се должат на интуиција отколку на расудување. Радосен и весел дух.

Јупитер во Бик: Љубители сте на добра храна и затоа внимавајте да не имате константен проблем со вишокот на килограми, особено во позрелата доба. Обожавани и почитувани сте од сите. Многу ја сакате природата и природни работи.

Јупитер во Близнаци: Голем дух за иницијатива, отворени за дружење и разговори со светот, желба да излезете, да патувате, да живеете исполнет социјален живот. Сите работи поврзани со комуникацијата се потенцирани со оваа поставеност на Јупитер. Имате среќа во игрите на среќа, но внимавајте да не трошите премногу.

Јупитер во Рак: Расположена личност, подложна на туѓо влијание, природно чувствителна личност…Но, доминанта е нагласената желба за живот.

Јупитер во Лав: Ваквата поставеност на Јупитер на личноста ѝ дава голема желба за иницијативи и големи зафати. Тоа се луѓе со голема насмевка и извонредна дарежливост кон оние кои ги сакаат и оние од кои имаат потреба. Може да достигнете важни позиции.

Јупитер во Девица: Со ваква поставеност на Јупитер се раѓаат луѓе кои одлично знаат да заштедат пари и експерти се во инвестиции и во недвижнини.

Јупитер во Вага: За вас работните места во политиката каде се бара правда, рамнотежа, тактика и дипломатија се одлични. Фасцинантни сте.

Јупитер во Шкорпија: Овие луѓе имаат извонреден шарм и токму тој може да им донесе многу среќа. Вие сте магнетно привлечни и луѓето се добри со вас. Среќата е во интуицијата, слушајте ги вашите инстинкти.

Јупитер во Стрелец: Ова е прекрасна позиција на Јупитер. Вие сте навистина личност која е секогаш весела и со насмевка на лицето, и токму ова ви носи многу плодови во текот на животот. Среќа на патувања.

Јупитер во Јарец: Можете да заштедите навистина добра сума пари напорно работејќи. Имате исклучителна издржливост кога е во прашање работата. Но, не сакате да бидете командувани и контролирани од никого. Одлична физичка и ментална сила.

Јупитер во Водолија: Толку многу ги сакате вашите простори и никој не може да ги украде од вас. Весели, слободни и многу расположени личности, исто така, знаете да бидете многу дарежливи и да ги почувствувате проблемите што влијаат врз човештвото, особено оние што се однесуваат на беспомошните.

Јупитер во Риби: Во пријателскиот знак, Јупитер само ги збогатува имагинативните, сетилните и креативните квалитети на Рибите. Имате среќа со сè што е поврзано со уметноста, сликарството, музиката. Во соништата можете да го најдете клучот за успехот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот