Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

Макс најбрз во квалификациите за спринтот на Големата награда на САД

Возачот на Ред Бул ја освои пол-позицијата за спринт трката на Големата награда на САД, 19 трка од актуелниот шампионат во Формула 1, што се вози овој викенд на патеката во Остин, Тексас.

Холанѓанецот уште еднаш покажа зошто е шампион, поставувајќи најбрзо време во квалификациите и обезбедувајќи прво место на стартот. Зад него ќе тргне Ландо Норис од Мекларен, а третата позиција му припадна на неговиот тимски колега Оскар Пјастри, кој моментално е и лидер во генералниот пласман.

Топ 10:

Нико Хулкенберг (Заубер)

Џорџ Расел (Мерцедес)

Фернандо Алонсо (Астон Мартин)

Карлос Саинц (Вилијамс)

Луис Хамилтон (Ферари)

Алекс Албон (Вилијамс)

Чарлс Леклерк (Ферари)

Спринт трката е закажана за сабота од 19:00 часот и ќе се возат 19 круга. Квалификациите за главната трка ќе се одржат истата вечер, од 23:00 до полноќ. Главната трка на патеката „Circuit of the Americas“ ќе се вози во недела од 21:00 часот, со вкупно 56 круга.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот