Макрон уште мисли дека НАТО е во состојба на „мозочна смрт”

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска го повтори ставот дека НАТО е во состојба на „мозочна смрт”.

На големо  разочарување на членките на Алијансата, тој ова го кажа во пресрет на самитот на оваа организација во Лондон.

-И натаму така мислам, рече Макрон на заедничката прес конференција со американскиот претседател Доналд Трамп.

Неколку часа претходно Трамп изјави дека ставот на Макрон е „многу навредлив” за Алијансата, која утре ја одбележува својата 70-годишнина од постоењето.

Макрон, во ноември, во интервју за „Економист” изјави дека НАТО се наоѓа во состојба на „мозочна смрт”, образложувајќи го тоа со намалувањето на американскиот ангажман и однесувањето на Турција, двете членки на НАТО.

Францускиот претседател денеска изјави дека Турција понекогаш соработува со посредниците на Исламска држава и додаде дека на оваа земја и натаму и забалежува што се бори против Курдите на северот од Сирија, бидејќи тие борци помагаат во борбите против џихадистите.

-Турција се бори против оние кои се бореа заедно со нас. А понекогаш соработува со посредниците на Исламска држава- рече Макрон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот