Макрон: Санкциите ќе бидат на ниво на агресија, нема да бидеме немоќни

Емануел Макрон / Фото: EPA-EFE/CLODAGH KILCOYNE / POOL MAXPPP OUT

Франција и нејзините сојузници ќе одлучат за санкциите против Русија „за агресијата, за која таа е одговорна” и тие ќе се однесуваат на „воената индустрија, економијата и енергетиката”, истакна претседателот Емануел Макрон во говорот во Елисејската палата.

-Нема да бидеме немоќни во донесувањето одлуки на состанокот на Г7 и на Европскиот совет вечерва, додаде претседателот, предупредувајќи ги Французите дека овој „воен акт” ќе има „големи и трајни последици за нашите животи и геополитика на нашиот континент”.

Владимир Путин „одлучи да го изврши најлошиот удар врз мирот и стабилноста на нашата Европа во последните децении”, додаде францускиот претседател, зад кој стоеше украинското знаме, заедно со француското и европското.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот