Макрон најави формирање на 238 нови полициски единици за руралните и приградските средини

Емануел Макрон/ Фото: Blondet Eliot/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Францускиот претседател Емануел Макрон најави формирање на 238 нови полициски единици во земјата, од кои повеќето ќе бидат прераспоредени на терен во руралните и приградските области.

„Оваа инвестиција е историска. На луѓето им треба вашето присуство бидејќи тоа смирува, одвраќа и дава поддршка“, рече Макрон за време на посетата на касарната на жандармеријата во југозападна Франција.

Од 238 единици што ќе се формираат од ноември годинава до 2027 година, 93 ќе бидат фиксни, додека 145 ќе бидат мобилни.

Иако најголемиот дел од деликвентните дела се извршени во најголемите градови, во руралните и приградските области во Франција има многу сексуално и семејно насилство, како и кражби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот