Макрон: „Косово не го одржа својот збор“- неизвесна визната либерализација

Емануел Макрон / Фото: ЕПА

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во Тирана изјави дека неговата земја направила „гест на доверба во однос на прашањето за визите за Косово“.

„Сакам да кажам една работа многу јасно. Направивме гест на доверба во однос на визите. Што се однесува до Франција, визите се откажани затоа што го почитуваме зборот. Денеска, нашиот збор не се почитува“, рече тој.

„Очекувам вистинска посветеност од овие две влади (Косово и Србија) да напредуваат во наредните недели. Ова е услов за мир во целиот регион“, продолжи тој. Некои медиуми во Косово и Албанија објавија дека Макрон во Тирана изјавил дека Франција ја суспендирала одлуката за визна либерализација, јавува Радио Слободна Европа.

Сепак, француската новинска агенција АФП пишува дека со својата изјава Макрон само „му се закани на Косово дека ќе ја укине одлуката за визите”. Одлуката за визна либерализација за Косово треба да стапи на сила на 1 јануари следната година. Инаку, во Тирана, Макрон зборуваше и за политичката ситуација меѓу Косово и Србија.

На прес-конференцијата тој истакна дека го следи порастот на тензиите меѓу Косово и Србија и побара двете страни да преземат чекори за деескалација на ситуацијата. „Одговорност на (српскиот претседател Александар) Вучиќ е недвосмислено да ги осуди нападите од 24 септември бидејќи тоа придонесува за враќање на мирот на границата“, е убеден тој.

„И она што го очекуваме од властите во следните фази, од двете страни, е едноставно: реорганизација на изборите во општините со српско мнозинство, учество на Србите на избори и во институции, создавање Заедница на општини со српско мнозинство, кое ќе го спроведат косовските власти. Очекувам Вучиќ да покаже одговорност, а истото го очекувам и од претседателот и премиерот на Косово“, заклучи тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот