Макрон и Морисон за првпат разговараа по скандалот со подморниците: Довербата е нарушена

Австралискиот премиер Скот Морисон и францускиот претседател Емануел Макрон / Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска телефонски разговараше со австралискиот премиер Скот Морисон, што е нивни прв разговор по дипломатската криза поради прекинатиот договор за подморници од минатиот месец, соопшти Елисејската палата.

Макрон повтори дека одлуката на Канбера да го откаже договорот за француските подморници со конвенционален мотор во корист на американските нуклеарни подморници „го наруши односот на доверба меѓу двете земји”, се наведува во соопштението на неговиот кабинет.

„Сега останува на австралиската Влада да предложи конкретни активности кои би можеле да ја отелотворат волјата на австралиските власти да ги редефинираат основите на нашите односи и да дејствуваат заедно во индо-пацифичкиот регион”, се додава во соопштението.

Париз беше бесен откако Австралија минатиот месец унилатерално се повлече од договорот, соопштувајќи дека не била предупредена дека Австралија наместо тоа преговара за нов одбранбен пакт со САД и Велика Британија.

Австралија во 2016 година потпиша договор за купување француски подморници, вреден 50 милијарди американски долари.

Во знак на протест, Франција ги отповика своите амбасадори во Австралија и САД, а министерот за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан го осуди „забивањето нож в грб”.

Париз воедно бара и финансиска компензација.

„Сега ќе се посвети посебно внимание на ситуацијата за француските компании и нивните подизведувачи, вклучително и австралиските компании погодени од оваа одлука”, се наведува во соопштението на Елисејската палата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот