Емануел Макрон / Фото EPA-EFE/FILIP SINGER

Макрон бара нов светски поредок, повика на зајакнување на безбедносната независност на Европа

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека сака да изгради нов светски поредок во кој неговата земја ќе игра важна улога во „новата алијанса“.

Тој повика на зајакнување на технолошката автономија и безбедноста на независноста на Европа, додавајќи дека зголемената координација меѓу Европејците не го поткопува, туку го зајакнува НАТО.

Тој, исто така, повика на „градење на нови партнерства со текот на времето кои би ги вклучиле вселенскиот и дигиталниот сектор“.

Зборувајќи за БРИКС, Макрон рече дека проширувањето на организацијата укажува на желба да се воспостави алтернативен поредок.

„Обидите за промена на постоечкиот светски поредок се закануваат да го ослабат Западот и особено Европа“, предупреди францускиот претседател на годишната конференција со амбасадорите.

Тој додаде дека ситуацијата на светската политичка сцена е се покомплицирана и дека постои опасност Западот и Европа да ја загубат својата сила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот