„Макканабис”: Две алтернативи има – или промена на законот или постепено одумирање на канабис индустријата

Здружението на одгледувачи на медицински канабис „МАККАНАБИС” апелира до Собранието, а особено до опозицијата, како што наведуваат во соопштение, да се надминат партиските надмудрувања и што поскоро да се изгласат измените на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции.

– Не знаеме зошто и не можеме да го пронајдеме коренот на проблемите кои произлегуваат од негативниот став на опозицијата кон оваа нова растечка гранка, особено што Законот беше донесен во 2016 година во време кога сегашната опозиција беше на власт. Апелираме за брза реакција и изгласување на измените на Законот, за да ги спречиме непоправливите последици кои ќе настанат доколку не се дозволи извозот на цвет, а со тоа и овозможување на егзистенција на сите лиценцирани субјекти и нивните вработени. Пред нас има две алтернативи: или промена на законот, заземање на водечка позиција на пазарот со канабис и придонес за развојот на економијата на Република Северна Македонија или постепено одумирање на канабис индустријата, се вели во соопштението.

Од Здружението потсетуваат дека вчера Комисијата за наркотични дроги при Обединетите нации ја прифатила препораката на Светската здравствена организација за отстранување на канабисот од Листата IV од Конвенцијата за наркотични дроги и нејзино ставање во Листа 1.

– Ваквата промена ќе придонесе за олеснување на истражувањата на канабисот и зголемување на пазарот на медицински канабис, оценуваат од Здружението, посочувајќи дека се повеќе се зголемува бројот на држави кои ја легализираат употребата на канабисот, додека во земјава легализацијата е заробена во дневно политички пресметки.

По препорака на СЗО: Комисија на ОН го симна канабисот од листата на најопасни наркотици

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот