Косовска војска / Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Маќедонци: Војската на Косово ќе продолжи со градењето на капацитетите согласно стандардите на НАТО

Министерот за одбрана на Косово, Ејуп Маќедонци изјави дека ќе продолжи со градењето на капацитетите на војската на Косово, согласно стандардите на НАТО и во соработка со сојузниците, од кои, како што рече, последните две години се зголемило купувањето на воена опрема, јави дописникот на МИА од Приштина.

На својата прва прес-конференција откако пред петнаесетина дена ја презеде должноста, Маќедонци рече дека во текот на неговиот преостанат мандат ќе се фокусира на градењето нови борбени капацитети кои Безбедносните сили на Косово (ФСК) досега ги немале и зачувување на актулените капацитети.

Според министерот, негова и цел на косовската Влада е исто така и зачленувањето во НАТО, но тоа, како што напоменува, е поврзано со политички фактори, односно зависи и од земјите кои не го признале Косово.

„Приоритет ќе бидат исто така капиталните инвестиции. Наша цел е интегрирањето во НАТО, но зачленувањето во НАТО зависи од многу други фактори, од земјите кои не го признаваат Косово. ФСК ги исполнило и продолжува да ги исполнува сите стандарди за соработка со НАТО“, рече Маќедонци.

На чело на косовското Министерство за одбрана, полковникот на ФСК, Маќедонци беше именуван откако неговиот претходник, Арменд Мехај на 8 август поднесе оставка поради, како што рече, семејни причини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот