„Макекспрес“: Ние не ги организираме протестите, не знаеме до кога и каде ќе блокираме

Фото: Макекспрес

„Ние не сме организатори на протестите, не знаеме до кога ќе траат, не знаеме дали ќе се прошират и на други улици и во кој формат ќе се протестира“, соопшти вечерва „Макекспрес превоз“ во допис до медиумите потпишан од сопственикот на компанијата, Милорад Димитријевски.

„Сакам да ја информирам јавноста дека претпријатието „Макекспрес превоз“ не е организатор на протестите. На улиците со своите возила се приватните превозници кои бараат средба со градоначалничката Данела Арсовска и исплата на заостанатиот долг. Раководството на „Макекспрес превоз“ не знае до кога ќе траат протестите, дали ќе се прошират на други улици и во кој формат ќе се протестира од причина што не е организатор на истиот“, се наведува во соопштението.

Од компанијата порачуваат дека „остануваат силна поддршка на превозниците“, но истовремено апелираат до политичките партии „да не го злоупотребуваат претпријатието и превозниците за политички препукувања и поени“.

„Ние постоиме од осамостојувањето на државата и досега, без разлика на нашите лични политички убедувања, не сме давале јавна политичка поддршка, ниту сме фаворизирале политички партии. Наша единствена цел е да реализираме навремен и квалитетен превоз за граѓаните, без разлика на нивната верска, етничка или политичка припадност. Затоа уште еднаш апелирам до политичките партии, протестот на превозниците да не се злоупотребува“, нагласуваат од „Макекспрес превоз“.

Компанијата, во име на превозниците, упати и извинување до граѓаните за настаниот метеж по улиците и уште еднаш ја повика градоначалничката Данела Арсовска на разговори за решавање на проблемот со градските долгови кон приватните превозници.

Соопштението од „Макекспрес“ доаѓа откако првиот човек на здружението на приватни автобуски превозници „Слобода превоз“, Ленин Јовановски, објави дека „лично се повлекува“ од протестите поради тоа што неговото име се злоупотребувало во политички цели.

Град Скопје го раскина договорот со „Слобода превоз“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот