Македонското ателје е дел од голема изложба во Париз

Во Меѓународниот град на уметностите во Париз, Франција, од 10 јануари до 30 јуни е поставена големата изложба „Повторно надвор: жива архива“, која содржи архивски материјали од богатата историја на оваа реномирана фондација која обединува уметници од целиот свет.

На изложбата се застапени и фотографии на македонски резиденти, како и една фотографија од посета на претседателот Киро Глигоров на Ателјето, на која е со академските сликари Коле Манев и Трајче Јанчевски, кои се дел од многубројните македонски уметници кои во изминатите децении имале можност да престојуваат и да творат во популарното Ателје во Париз.

Во 2002 година Министерството за култура потпиша Договор за соработка со организацијата на Меѓународниот град на уметностите во Париз за следните 60 години. Таа година е основано и македонското Ателје, каде што продолжи континуираниот престој на македонските уметници, кои дотогаш во Париз беа присутни преку ателјеата на поранешната Југославија.

Изложбата ја раскажува приказната за Меѓународниот град на уметностите во Париз од неговото основање. Застапени се архивски фотографии, сведоштва, документарни видеа од архивата на фондацијата, во која се претставиле повеќе од 30.000 уметници од целиот свет.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 116, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 12-13 февруари 2022)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот