Македонските скијачки надежи триумфираа во Копаоник

фото: Скијачка федерација на Македонија

Македонските млади скијачи имаа одлични настапи и постигнаа забележителни резултати на Алпскиот Куп Рашке, кој се одржа на 14 и 15 март во Копаоник, Србија.

На велеслаломската трка во категорија мажи до 16 години, Марин Црвенов го освои второто место, а веднаш зад него се пласираше Мартин Шикалевски.

Филип Димовски го освои шампионското место на трката во велеслалом за мажи до 14 години, а третото место му припадна на Никола Буклевски.

Исто така, слаломската трка во категорија мажи до 14 години заврши со прво место за Никола Буклевски.

Малата Мартина Лазаревска беше најбрза од цицибанките и освои прво место на велеслаломската трка во женска категорија до 8 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот