Македонските работници ќе ја дочекаат Нова година како најсиромашни во регионот
Владата не е против зголемувањето на минималецот, но во моментот нема шанси за барањето од 600 евра на ССМ, оти тоа ќе предизвика лавина од откази и тешкотии кај претпријатијата, рече министерот за економија и труд Бесар Дурмиши
Нема договор за барањето на ССМ, минималната плата догодина да биде 600 евра, иако таа точка воопшто не била ставена на дневен ред на седницата на Економско-социјалниот совет, истакна Слободан Трендафилов, претседател на ССМ по завршувањето на средбата. Тој ги повика работниците да им дадат поголема поддршка, оти ако не се слушне нивниот глас, тогаш ќе има други чекори. Чекаме да се договорат од Владата и работодавачите, додаде Трендафилов, оти во спротивно во јануари ќе се преземат конкретни активности за да се изборат за поголемо зголемување.
Препорачано
-Иако има желба, нема интерс за поголемо зголемување на минималецот. Социјалните партнери немаат слух за нашите аргументи, а нашите колеги од другите синдикати беа да се почитуваат законите, а работниците да се снаоѓаат како што знаат и умеат. Загрижени сме од состојбите, оти македонските работници ќе ја дочекаат Нова година ќе ја дочекаат како најсиромашни во регионот – истакна резигнирано Трендафилов.
Всушност на денешната седница, не било усвоено никакво решение за зголемување на минималната плата, но е договорено до законското усогласување до март да се преговара, потврди и Миле Бошков, претседател на Бизнис конфедерацијата. Тој откри и дека премиерот Мицкоски покажал интерес за зголемување на минималецот поради зголемувањето на приходите во Буџетот, но реалната состојба е дека профитабилноста на македонската економија се движи меѓу 2 и 5 отсто, не дозволува енормно зголемување на минималецот.
-Топката е меѓу синдикатите и работодавачите, имаме шанси да преговараме, нашиот предлог е во колективното договарање во одредени сектори да се намалат одредени злоупотреби. Така што до март имаме шанси да преговараме и да видиме, но со точен износ мислам дека нема да може да излеземе – истакна Бошков.
Пред почетокот на седницата, премиерот Христијан Мицкоски, порача дека Владата не е против зголемување на минималната плата, но зголемување мора да биде резултат на заедничка согласност меѓу работниците и работодавачите. Според него, интерес на Владата не е краткорочен политички поен, туку долгорочна стабилност, предвидливост и економија што може да ги издржи предизвиците на современото време.
– Сакам јасно да нагласам, Владата не е против зголемување на минималната плата. Нашата заложба е платите да растат и трудот да биде соодветно вреднуван. Но исто така сме цврсто убедени дека таквото зголемување мора да биде резултат на заедничка согласност меѓу работниците и работодавачите, постигната преку социјален дијалог и врз основа на реалните економски можности. И тој раст мора да биде согласно потенцијалите и капацитетите на економијата. Јас не сум за наметнати решенија. Следната година ќе биде година на борба за подобар животен стандард – нагласи Мицкоски.
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, изјави дека на петтата седница разговарале за клучни прашања поврзани за пазарот на труд. Дурмиши е минимлацеот да бхиде и 1.000 евра, ама тоа ќе предизвикало огромни проблеми и затоа ќе се следи законската формула за која потсети дека сите социјални партнери се согласиле.
-Ставот на МЕТ за минималната плата е јасен, инфлацијата на годишно ниво е 4,5 отсто, а догодина ќе падне под 3 осто. Оставаме дијалогот за минималецот да биде меѓу синдикатите и работодавачите, но во овие услови нема шанси за некое интервентно зголемување на минималецот, пред редовното усогласување во март кое би биоло меѓу 1.500 и 2.000 денари, но поточно ќе знаеме во март кога ќе излезат параметрите за трошоците на живот. Ако нагло се зголеми платата, тоа ќе предизвика лавина од откази и проблеми во работењето на компаниите – истакна Дурмиши.
Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) бара зголемување на минималната плата, аргументирајќи го тоа со зголемените животни трошоци. Според анкета спроведена од ССМ во ноември, мнозинството испитаници сметаат дека минималната плата треба да изнесува 600 евра.


