Македонските нуркачи се простуваат од колегата кој почина во Хрватска

Една од фотографиите од нуркачот Игор Петрушевски/Фото: Фејсбук

Македонскиот нуркач кој трагично го заврши својот живот во Хрватска додека нуркал во близина на островот Вис е 50-годишниот скопјанец Игор Петрушевски, објавија неговите колеги од нуркачкиот центар Амфора од Охрид.

Петрушевски е татко на две малолетни деца.

Хрватските медиуми објави вчера дека околу 11 часот во близина на островчето Равник, на 500 метри од увалата Рукавац на Вис, при нуркање му се слошило на еден од нуркачите кој бил македонски државјанин.

Веднаш е испратена итна помош, но за жал, нуркачот починал на самото место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот