Македонскиот репрезентативец Аврамовски потпиша за Сараево

Даниел Аврамовски потпиша договор на две години со Сараево/Фото: fksarajevo.ba

Босанскиот фудбалски клуб Сараево ја информираше јавноста дека нов играч на екипата е Даниел Аврамовски кој на својот дрес ќе го носи бројот „27“.

Македонскиот репрезентативец официјално потпиша договор на две години.

– Даниел Аврамовски е врвен играч и стандарден македонски репрезентативец. Ќе им направи проблем на противниците бидејќи има одличен преглед на играта, опасна лева нога и со ефикасен финиш. Освен можноста за игра на неколку позиции, има голем потенцијал за нашиот напад и неговата одлична игра од прекин. Едвај чекаме да го видиме на теренот во бордо дресот – рече Александар Васоски, шефот на стручниот штаб на ФК Сараево, кој соработуваше со Аврамовски за време на неговиот престој во Вардар од Скопје.

Последен клуб на Аврамовски беше турскиот Кајсериспор, а претходно ги бранеше уште боите на Работнички, Македонија ЃП, Црвена звезда, ОФК Београд, Олимпија и Војводина.

– Првите впечатоци се многу позитивни. Се сретнав со сите играчи, тренери и членови на лекарскиот тим. Се надевам дека овој период на адаптација во новиот клуб ќе помине брзо, но момците се сите тука за мене и верувам дека ќе имаме добра соработка на теренот и надвор од него.

Зошто Сараево? Уживав во соработката со тренерот Васоски во Вардар, а проектот на клубот што ми беше претставен покажува сериозност и долгорочност. Тоа го потврдуваат и потезите во овој преоден рок. Многу од моите поранешни соиграчи се денес во Сараево. Добро ги познавам Суљиќ, Кобиљар, Лазиќ и Крсте Велкоски и информациите што ги имам за ФК Сараево велат дека тоа е голем клуб со фантастични навивачи – вели Аврамовски за клупскиот сајт.

Во најсилниот шампионат на Босна и Херцеговина Сараево е далеку од трката за титулата, се наоѓа на четвртото место со 28 бодови, дури 20 помалку од водечкиоте Зрињски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот