Македонскиот репрезентативец Агон Елези е пред трансфер во Бундес лигата?!

фото: принтскрин/youtube.com/@FFMMKD

Агон Елези својот последен настап во дресот на Вараждин го имаше на почетокот на ноември лани во ремито против Динамо Загреб (1:1), а потоа македонскиот репрезентативец заврши во јуниорскиот тим бидејќи не успеа да се договори за продолжување на соработката.

Важечкиот договор му истекува во јуни оваа година, според хрватските медиуми беше јасно дека во зимскиот преоден рок ќе бара нов клуб, а своевремено беше извесно дека ќе продолжи во Австрија во редовите на Клагенфурт, но таков трансфер во последен момент не се реализираше.

Сега има информација дека Елези е пред голем чекор во неговата кариера, преселба во една од Топ 5 европските лиги, Бундес лигата. Нашиот 22-годишен играч е на пат за Германија каде треба да ги помине лекарските прегледи и да потпише за Бохум.

Бохум сезонава настапува во Бундес лигата каде моментно после 19 одиграни натпревари е на 14 позиција со 20 бодови.

Елези пристигна во Вараждин во средината на септември 2020 година, а оттогаш одигра 68 натпревари со осум гола и една асистенција, а со клубот избори влез во елитата на хрватскиот фудбал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот