Македонскиот мотоциклист Кочоски со две втори места на стартот на БМУ Европскиот шампионат

фото: Silent Hunters 64 Team - Sinisha Kochoski

Македонскиот мотоциклист Синиша Кочоски имаше одличен настап на стартот од новата сезона во БМУ Европскиот шампионат.

Членот на „Сајлент Хантерс“ кој минатата сезона освои двојна „круна“, на првите две трки во Серес, Грција забележа две втори места и така покажа дека и оваа сезона ќе води битки со најдобрите во овој шампионат.

– Иако немав многу време за подготовки, задоволен сум од настапот на првите две трки. Имав послаби стартни позиции, но на самите трки успеав да ја анулирам таа негатива и стигнав до два подиуми. Ова е само почеток на сезоната, свесен сум дека конкуренцијата сега ќе биде поголема од лани, но спремен сум за вакви предизвици и верувам во уште многу подиуми оваа сезона – вели Кочоски.

Кочоски е актуелен шампион во БМУ Европскиот шампионат во категоријата Ф1000, како и македонски шампион.

Оваа сезона се натпреварува едно скалило погоре – СТК 1000. Пред една седмица потпиша договор за спонзорство со компанијата MОZZART која уште еднаш покажа дека е вистински поддржувач на македонските спортски шампиони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот