Македонската тенисерка Лина Ѓорческа во финалето на турнирот во Летонија

фото: mtftennis.mk

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира во финалето на двојки заедно со Чагла Бујукакчај од Турција на фјучрсот во летонскиот град Лиепаја што се игра за награден фонд од 60.000 долари.

Во полуфиналето Ѓорческа и Бујукакчај ги победија третите носителки Џеси Ејнеј од САД и Елена Малигина од Естонија со 2-1 во сетови 6:3, 3:6 и 10:6 на поени). Ова за Ѓорческа ќе биде второ финале во дубл откако победи со Словенката Вероника Ерјавец на турнирот во Сплит.

Првиот сет го добија Ѓорческа и Бујукакчај со 6:3 во гемови. Предноста ја направија на почетокот на сетот со брејкот и водството од 3:0 и потоа имаа водство од 4:1 и 5:2. Во вториот сет беше иста слика во однос на резултатот со тоа што противничките поведоа со 3:0 и сетот го завршија со 6:3.

Во решавачкиот сет на поени беше изедначено до 3:3, кога и почна серијата на Ѓорческа и Бујукакчај од пет поени, а потоа имаа уште една помала серија од три поени за предност од 9:5 и потоа ја реализираа втората меч топка.

Утре (сабота) македонската и турската тенисерка во финалето ќе играат против Летонките Дарја Семенистаја и Даниела Вајсман, кои со 2:0 во сетови 7:5 и 6:2 ги беа подобри од вторите носителки Вивиан Хеисен (Германија) и Валерија Страхова (Украина).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот