Македонската репрезентативка Саздовска има нов клуб во Романија

фото: РФМ

Како што официјално соопштија од романскиот клуб, Јована Саздовска од следната сезона ќе ги брани боите на Слатина.

Левото крило во својата кариера настапуваше за ЖРК Металург, Магура Чиснадие (Романија), ЖРК Вардар, Турингер (Германија) и Дунареа Браила (Романија).

Со ЖРК Вардар играше финале во Лигата на шампионите, беше дел и од ЕХФ купот со Дунареа Браила во чие натпреварување постигна 26 голови.

Воедно учествуваше со нашата најдобра женска ракометна рперезентација на Европското првенство 2022.

– Многу сум среќна што сум дел од овој тим и што ќе го споделам моето искуство со моите нови колешки. Едвај чекам да започне првенството и да уживам во ракометните игри со навивачите. Имам големи очекувања и надежи за новата натпреварувачка сезона и посакувам да ги постигнеме нашите предложени цели – вели Саздовска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот