Македонската ракометна надеж Ива Младеновска дебитираше во Лигата на шампионите

Фото: Ракометна федерација на Македонија (фејсбук)

Ракометарката од која Македонија во иднина многу очекува, младата Ива Младеновска го запиша своето деби во Лигата на шампионите.

Младеновска ги одигра првите минути за францускиот Брест Бретањ во натпреварот против Савехов.

Македонската репрезентативка доби можност за настап пред крајот на средбата и упати еден удар од девет метри кон противничкиот гол, но за жал на дебито во елитата не дојде и до својот прв погодок.

Брест ја оправда фаворитската улога со подобра игра во второто полувреме дојде до триумф од 28:23.

ФОТО: Македонската ракометна надеж Ива Младеновска потпиша за францускиот Брест Бретањ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот