Контрола на летање на Скопскиот аеродром / Фото: Телма

Македонската навигација демантира: Нема дефект на главната станица на Солунска Глава

Македонска навигација ги демантира наводите објавени во дел од медиумите за наводен сериозен технички дефект на главната радиостаница на Солунска Глава, тврдејќи дека авиосообраќајот во државата се одвива нормално и без никакви потешкотии.

Од државното акционерско друштво оценуваат дека информациите за наводни проблеми се дневнополитички дезинформации пласирани од поединци за личен интерес.

„Ве известуваме дека информациите кои излегоа во јавноста за потешкотии во авиосообраќајот се целосно неточни и во целост ги отфрламе. Авиосообраќајот во државава се одвива без никакви потешкотии и без никакви проблеми согласно меѓународни процедури за навигација. Во М-НАВ сите критични системи се удвоени и не постои никаква опасност од наводно загрозување на безбедноста на авиосообраќајот. Во однос на дезинформацијата за немање безбедна ВХФ комуникација со пилотите, сакаме да ја известиме јавноста дека во овој момент се користи Солунска Глава како примарна точка од каде се комуницира со пилотите. Дезинформациите се дневополитички на поединци кои сакаат да постигнат одредена цел за личен бенефит, а притоа инволвирајќи го М-НАВ во тоа“, велат од М-НАВ.

Претходно, „4њуз“ објави дека на главната радиостаница на Солунска Глава настанал сериозен технички дефект, поради што, според порталот, биле воведени ограничувања и затворање на дел од воздушните патишта на пониски височини.

Во текстот се наведува дека причината била прекин на микробрановата мрежна конекција со ИП радио-станиците, што ја намалило ВХФ-покриеноста и создало ризик од губење комуникација со авиони под одредени височини.

Порталот тврдеше дека мерките го засегнале и охридскиот аеродром, со ограничувања за пристигнувања, полетувања и користење дел од воздушниот простор.

Дефект на главната радиостаница на Солунска Глава — контролата на летање останала без комуникација со дел од авионите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот